You are currently viewing „Разведи ме“ – Театар Провокација

„Разведи ме“ – Театар Провокација

Гостување на Театар Провокација во Битола со претсавата „Разведи ме“ . 🎭
📅28.04.2022 20:00
⚪Претставата на еден експлицитен начин, без непотребни цензури, се бави со причините кои најчесто знаат да доведат до распаѓање на бракот. Ситуациите кои ги третираме во претставата ќе ве натераат да погледнете на работите од поинаква перспектива и да ги преиспитате своите ставови околу одредени прашања кои многу често си ги поставувате на себе во дијалогот што го водите пред огледало.
⚪Улогите на брачните партнери на сцена ќе играат Мирјана Поповска Ристов и Роберт Ристов, а во снимените видеа играат актерите Зорица П. Панчиќ (како Марта), Љубиша Савановиќ/гостин од БиХ (љубовникот) и Благоја Чоревски (таткото).
Зад режијата, сценографијата и изборот на костими за оваа претстава е потпишан Роберт Ристов. Кореографијата е на Марија Бејкова.
🎟️КАРТИТЕ СЕ ПУШТЕНИ ВО ПРОДАЖБА ПО ЦЕНА ОД 250 ДЕНАРИ.