По скопската, мултимедијална промоција на „Лидија, или cѐ што знам за жените“ и во Битола. А, романот е за жените и знаењето, за Скопје и Битола… и за животот во нив, сега и тука, па вие видете.
Перформансот ќе се одржи во малата сала на Центарот за култура Битола, на 11 октомври, четврток со почеток во 20:00ч.
За книгата ќе зборува: Д-р Иван Додовски
Режија и музика: Тони Мичевиќ
Извадоци ќе читаат: Моника Силјановска, Лидија Јанчовска, Маја Андоновска Илијевски и Игор Трпчески