You are currently viewing Промоција на книгата „Современи политички системи“

Промоција на книгата „Современи политички системи“

На 20.12.2018 со почеток во 19:00ч. во Малата сала ќе се одржи промоција на книгата „Современи политички системи“ на проф.др. Јове Кекеновски.

Се работи за книга која е во обем од околу 1100 страници, формат Б5 во тврда подврзија. Во книгата се анализира функционирањето и развојот на политичките системи на десет држави: САД, Русија, Кина, Швајцарија, Белгија, Германија, Италија, Индија, Франција и Обединето Кралство Велика Британија и Северна Ирска (вклучувајќи ги и Шкотска и Велс).
Авторот сите политички системи ги обработува по ист метод на анализа и обработка: 1). краток приказ за државата (статистички, географски, демографски и други податоци), 2). историскиот развој на државата 3). хоризонталната и вертикалната поставеност на власта, 4). судството и 5). политичките партии и 6). локалната самоуправа..
Книгата е интересна не само за студентите туку и пошироката читателска публика, посебно за избраните пратеници како и советници во едниците на локалната замоуправа, за политичките партии како и за научните и образовни установи
На овие и пошироките простори на Балканот ваква книга досега суште не е издадена како по обем така и по содржина односно како од квантитативен така и од квалитативен аспект.