You are currently viewing Презентација на новиот систем за аплицирање проекти за идната година

Презентација на новиот систем за аплицирање проекти за идната година

Почитувани,
На ден 24.09.2021 година – 12:30 часот, во просториите на НУЦК Битола ќе се оддржи презентација на новиот систем за аплицирање проекти за идната година.
Презентацијата е со почеток во 12:30 часот и истата ќе биде спроведена по строго попишаните протоколи за организирање настани:
-Задолжителен приказ на поседување доказ за имунизација(сертификат од Sars-Cov2) или доказ дека бил прележан вирусот во последните 45 дена(сметајќи од денот на оздравување)
Презентацијата ќе ја води стручниот тим од Министерстото за Култура на РСМ.
Ги покануваме сите уметници кои се заинтересирани да присуствуваат.
Со почит,
Центар за култура Битола.