You are currently viewing Поезија на пат

Поезија на пат

На 24.08.2018 (петок) со почеток во 20.30 часот во малата сала на НУ Центар за култура Битола, и оваа година ќе се одржи поетско читање како дел од проектот „Поезија на пат“ во рамките на Струшките вечери на поезијата.

Во Битола ќе гостуваат поетите:
1. John Mateer – Џон Матир (Australia/Австралија)
(Џон Матир е роден во Јужна Африка, но живее во Австралија. Неговите книги се издадени во Јужна Африка, Австралија, Австрија, Португалија, Јапонија, Макао, Суматра и Обединетото Кралство. Неговото најново дело е Неверници, или Маварот, книга за културните остатоци во Иберија и периферијата на Индискиот Океан. Своите дела ги читал на фестивали низ Европа, Азија и Африка, како и на “Free the Word!” (Ослободи го зборот) фестивалот на ПЕН во Лондон. Неговата поезија ги вклучува книгите: ЖоаоПразнина: Азиски песни 1998-2012; Неверници, или „Маварот“; Јужни варвариЗападот: Австралиски песни 1989-2009. Неговата проза ги вклучува книгите: Тивкиот роб: Историја во осум епизодиПештерата на Семар: Индонезиски дневник.)

2. Josef Straka – Јозеф Страка (Czechia/Чешка)}
(Јозеф Страка е роден на 1 декември 1972 во Јаблонец на Ниса и е автор на две збирки поезија: и…други времиња(Г Тиск, Либерец) и Зошто (ТВАР, Прага), кои биле објавени во деведесеттите, како и четири книги во кои комбинирал поезија и проза: Хотел Бристол (2004), Монс сити (2005), Црква среде маглата (2008) и најскорешната (во септември 2014) Ситни прогони – сите објавени од Черм издаваштво, Прага-Збраслав. Неговите дела се објавени и во бројни книжевни и културни списанија во Чешка и странство, а исто така се преведени на англиски, германски, полски, српски, словенечки, холандски, унгарски, руски, романски и шпански јазик. Во тек е преводот на португалски и француски јазик. Тој бил дел од неколку меѓународни поетски фестивали, како „Трећи трг“ фестивалот во Белград (2008), „Смедеревска поетска есен“ (Србија, 2009) и „Меѓународниот микрофестивал Прага“.)

3. Shimon Adaf – Шимон Адаф (Israel/Израел)
(Шимон Адаф е роден во Сдерот, Израел во 1972 година од родители со мароканско потекло. Има објавено три збирки поезија и девет романи. Неговата трета поетска збирка Авива-не е добитник на поетската награда „Јехуда Амихај“ во 2010 година, а неговиот роман Мокс Нокс е добитник на наградата „Сапир“ (израелскиот еквивалент на наградата „Букер“) во 2011 година. Живее во Рамат Ган и предава креативно пишување и книжевност на Универзитетот Бен Гурион.)

4. Sainjargal Nachin – Саинжаргал Начин (Mongolia/Монголија)
(Саинџаргал Начин е роден на 1 февруари 1991 во Улан Батор, Монголија. Поет, новинар и еден од лидерите на новата генерација монголски поети. Дипломирал во 2012 година на Факултетот за општествени науки на монголскиот национален универзитет во Улан Батор, Монголија. Член на Здружението на монголски писатели, работи како извршен член на Советот за верификација во Здружението на монголски писатели. Ја добил титулата „Најдобар поет за љубовна поезија“ на 13от фестивал по име „Бела планина“ на 7 октомври 2010 година. Добитник на годишната поетска награда “BOLOR TSOM“ („Кристален пехар“ за најдобар млад поет во 2013 година). Ги објавил следните поетски книги: Звукот на скршеното срце во 2010, Нов мирис во 2012, Хармонија на умот на 10 декември 2013, и Инспирација на 16 декември 2016 година.)

5. Morten Langeland – Мортен Лангеланд (Norway/Норвешка)
(Мортен Лангеланд е роден 1986 во Кристијансанд во јужниот дел на Норвешка, но живее и работи во Осло. Студирал компаративна книжевност и креативно пишување на „Литерар Гесталтинг“ во Готенбург и уметност на Националната академија на уметностите во Осло. Тој е книжевен критичар за весникот Класекампен и уредник во малото издаваштво Х//О//Ф. Лангеланд има објавено четири книги поезија по неговото деби со Јас сум добро во 2012 година. Неговите книги во својот стил се означени со одредена игривост – од пишување на неговиот јужен дијалект во неговата дебитантска книга, сѐ до неговата најскорешна книга Ноќи во зоолошка која е колекција на искршени сонети. Негови книги се и книгите Бабун, како и Вистинската општина. Лангеланд е добитник на престижната награда „Стиг Саетербакенс Миниприс“ во 2016 година.)

* Влезот е бесплатен.