Одбележување на Денот на државноста на Хрватска – 12 јуни

Одбележување на Денот на државноста на Хрватска – 12 јуни

По повод Денот на државноста на Р. Хрватска, традиционално како и секоја година така и оваа, друштвото Марко Марулиќ организира настан во Битола.

Програма:

1.Промоција на книгата на македонскиот писател и Академик Зоран Пејковски “ Хрватски театарски актери и режисери кои работеле во Македонија од 1913 до 1941 година”,
– промотор, рецензент проф.др.Димитар Пандев, Скопје.

2. Настап на далматинската женска вокална група Тамарин, Солин, Р.Хрватска.

3.Презентација на далматински специјалитети –здружение Солињани, Солин, Р.Хрватска.
Настанот е организиран по сите протоколи предвидени за вакви настани.

Задолжително е почитувањето на здравствените протоколи за заштита од Ковид 19: мерење на температура при влез, носење на маска, дезинфекција на рацете и држење на физичка дистанца.
Организаторот го задржува правото да ги отстрани од настанот лицата кои нема да ги почитуваат протоколите.

Манифестацијата се одржува во соработка со Центарот за култура Битола, поддржана од Централниот државен уред за Хрватите кои живеат надвор од Р. Хрватска, Амбасадата на Р. Хрватска во Македонија, Министерството за култура на Р. Македонија, Општина Битола