На 27.12.2018 во 20:00ч. во големата сала ќе се одржи Новогодишна џез бајка. Кратки моменти претворени во долги сеќавања, многу желби заокружени со уште повеќе надеж во еден град кој е многу повеќе од ѕидови и згради. Сите ќе ја паметиме годината која ја испраќаме по некоја лична приказна, по некој неостварен сон по чие остварување се уште копнееме, но сите заедно исто така копнееме да се разбудиме во поубава Битола, во која дишејќи со полн здив повторно ќе го почувствуваме мирисот на нејзината душа и ќе ја слушнеме музиката на надежта. Ве повикуваме во предвечерието на Новата Година заедно да ја посакаме нашата заедничка желба и преку нотите на неприкосновениот „Фрагмент“, да бидеме дел од уште една „Новогодишна џез бајка“, со која ќе се обидеме да ја разбудиме заспаната убавица и бајката за поубава Битола да ја претвориме во реалност.
