Од 28 јануари до 03 февруари 2019 год. во малта сала на НУ Центар за култура Битола ќе се одржи филмската ревија НЕДЕЛА НА МАКЕДОНСКИ ФИЛМОВИ .
Во овој филмски циклус ќе бидат претставени 11 нови и постари филмови од реномирани македонски режисери.
Оваа активност на Центарот за култура Битола ги најавува своите заложби за промоција на македонската кинематографија. Во 2019 година очекуваме повеќе премиери на македонски филмови.
28-29.01.2019/ 20:00 ч. КОБРА – режија Игор Иванов – Изи
28.01.2019/ 21:00 ч. СОБА СО ПИЈАНО – режија Игор Иванов – Изи
29.01.2019/ 21:00 ч. ТРИ ДЕНА ВО СЕПТЕМВРИ – режија Даријан Пејовски
30.01.2019/ 20:00 ч. ПАНКОТ НЕ Е МРТОВ – режија Владимир Блажевски
30.01.2019/ 22:00 ч. КОПАЊЕ- режија Ивица Димитријевиќ/ Мартин Иванов
31.01.2019/ 20:00 ч. СКОПЈЕ РЕМИКС – група режисери
01-02.02.2019/ 20:00 ч. ИСЦЕЛИТЕЛ- – режија Ѓорче Ставрески
01.02.2019/ 22:00 ч. ГОДИНА НА МАЈМУНОТ- – режија Владимир Блажевски
02.02.2019/ 22:00 ч. ЏГАН – режија Вардан Тозија
03.02.2019/ 20:00 ч. ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА СКОПЈЕ– режија Данило Шербеџија/Раде Шербеџија
03.02.2019/ 22:00 ч. БИКИНИ МУН- режија Милчо Манчевски
Проекциите ќе се одржат во малата сала. Цената на картите е 100 денари.