Битолското културно лето и програмата што ја реализира е вистинско освежување на битолската публиката во летните месеци. Неговата програма имплементира популарни музичко сценски, балетски, драмски, концертни и други содржини чиј број ќе се проширува со гостувања од други градови на Републиката, Европа и светот.
Покрај оваа веќе афирмирана манифестација, која привлекува не само домашна публика туку и многу гости, продолжува преку целата година со активноста за организирање на гостувања, пред се на Операта, Балетот и Филхармонијата на Република Македонија за да се задоволат културните потреби на љубителите на музичките спектакли и да се продолжи со музичката традиција во Општина Битола.
Етно музичката група “Фолтин” која работи при Центарот за култура бележи големи успеси како на полето на етно така и на полето на театарската музика. Таа се афирмира преку своите коцерти во градот, учеството во театарските претстави и гостувањата на фестивали надвор од Републиката. Со оглед на тоа што во многу наврати ја збогатува програмата на Центарот за култура во Битола ќе се инкорпорира во неа и во иднина.
Натаму, Центарот за култура е организатор на Републичкиот Фестивал на народни песни и игри Илинденски денови, преку кој се афирмира на изворен начин македонскиот бит и фолклор , се со цел на доближување на правите вредности на македонскиот етникум на огромен број на посетители, како од државата, така и од странство.