Мала волшебна флејта (адаптирана опера за деца) МОБ

Мала волшебна флејта (адаптирана опера за деца) МОБ

МОБ и ЦК Битола ви претставуваат:

Македонската опера и балет со адаптираната опера за деца „Мала волшебна флејта“ ја продолжува практиката за музичка едукација на најмладата популација. Оваа претстава ќе се одржи во недела на 27.03.2016 година со почеток во 18 часот.

Претставата е адаптација за деца на популарната опера „Волшебната флејта“ од Волфганг Амадеус Моцарт. Режисер е Урсула Хорнер од Австрија, сценограф е Марија Ветероска, а адаптацијата на костимографијата е на Марија Пупучевска.

Во „Мала волшебна флејта“ настапуваат Јане Дунимаглоски, Ернес Ибраимовски, Александра Лазаревска-Василев, Ана Ројдева, Борко Биџовски, Злата Тошевска, Биљана Јосифов, Надежда Рубен, Дејан Стоев, Катерина Стојановска…

Преку убавата музика на Моцарт, децата ќе имаат можност да дознаат одговори на неколку прашања-дали Сарастро е навистина лош (злобен) волшебник, за разлика од Моностатос, што работи Папагено, кој ја уби змијата и зошто тој лаже, зошто Кралицата на ноќта му ја ветува за жена нејзината ќерка Памина на Тамино и што бара од него за возврат…

Цената на билетите е 100 денари, а можат да се набават во билетарницата на ЦК Битола.