You are currently viewing Концерт ” Шербет Љубојна “

Концерт ” Шербет Љубојна “

Центарот за култура и Фестивалот ” Илинденски денови ” Ве покануваат на промоција на новиот проект: ” Шербет Љубојна ” !

… во амбиент на кадифено
префинет чалгиски звук,
распослан низ копнежот,
меѓу меракот и севдата,
ќе се чуе средба
на виртуозите на сцената…

Љубојна
групата која во еден здив
ги освои срцата на публиката…

Исмаил Лумановски
кој со својот кларинет го тресе Њу Јорк,
а богами и светот попреку и наопаку…

…и тајфата чалгии…

…лирска вечер… многу музика…
…севдата ќе патува до душата…

Влезници по цена од 150 денари може да се набават на билетарата на ЦК Битола од среда ( 22.07.2015 ) !