Езерки и 7/8 (седум осмини) се етно-состав кој работи во рамките на Хрватско- Македонското друштво во Загреб. Тие работаат во скоро непроменет состав веќе 24 години, под иницијатива на Лена Џапич, Некои од нив се родени македонци, а некои од нив се врзуваат за Македонија со обичните работи кои го прават животот убав.
Концерот ќе се одржи во малата сала на 27.09.2019 во 19:30. Влезот е бесплатен.
