You are currently viewing Концерт на Ансамбл Македонија

Концерт на Ансамбл Македонија

Почитувани пријатели, со огромно задоволство Ве покануваме на целовечерниот концерт на Ансамблот МАКЕДОНИЈА кој ќе се одржи на 09.05.2018 во 20:00ч.  Ќе имате можност да проследите нови репертоарски содржини како и најдобрите сценски адаптации на Ансамблот.
Ансамблот е составен од: студенти од Катедрата за етнокореологија при Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, и ученици од Насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“
Уметнички менаџер: Владимир Јаневски
Музички менаџер: Тимко Чичаковски

ПРОГРАМА
1. Дренок – ора и песни од Голо Брдо
2. Тешкото – машко оро од Мијаци, Река
3. Гачки – велигденски обредни игри од Порече
4. Железник – ора и песни од Железник
5. Садило – ора и песни од градот Охрид
6. Калач Тетовски – чалгиска изведба од градот Тетово
7. Дојди Радо – женска песна од градот Скопје
8. Чангулово – машко оро од Малешевија
9. Шабане пиле мајкино – машка песна од селата Урвич и Јаловјане
10. Јаребичице порпоричице – женска песна од селата Урвич и Јаловјане
11. Шупелково – оркестарска изведба
12. Јорде ќ оди туѓина – женска песна
13. Грабиле гу Смиљану девојку – ора и песни од Скопска Црна Гора