You are currently viewing Концерт на Ана и Игор Дурловски со оркестарот на МОБ

Концерт на Ана и Игор Дурловски со оркестарот на МОБ

По повод 25 години од независноста на Република Македонија во организација на НУ Центар за култура Битола на 07.09 со почеток во 20.00 часот ќе се одржи спектакуларен концерт на Ана (сопран) и Игор(бас) Дурловски заедно со оркестарот на МОБ.
…Станува збор за музички проект што во себе ги инкорпорира едни од најубавите љубовни песни од народната македонска музичка традиција кои овој пат ќе бидат донесена во едно поинакво руво…
Аранжманите се на нашиот истакнат композитор Сони Петровски.
Влезници по цена од 150 денари може да се набават на билетарата на ЦК Битола од вторник (30.08).