You are currently viewing Интернационален етнографски филмски фестивал

Интернационален етнографски филмски фестивал

Добредојдовте на првото издание на •Интернационалниот етнографски филмски фестивал• со кој започнуваат годинашните 52 по ред ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ.
Од 18 јули-понеделник, Центарот за култура во Битола е и организатор и дом на овој прв фестивал од ваков тип кај нас. посветен на широк спектар на етнографски филмски теми и авторски пристапи во истражување на традиционалното, но и модерниот начин на живот на заедниците во кои живееле и живеат луѓето, нудејќи разновидни увиди и методологии на работа на тимови од цел свет на такви филмови. Фестивалот ќе трае до 23 јули, 2022 – сабота.
Селектор на овој филмски фестивал е Тони Гламчевски, новинар од Франција кој со својата сопруга Блондин, таму организира свој фестивал и за оваа прва година направи е избор на 11 филмови, од кои 6 се долгометражни.
Селектираните филмови опфаќаат широк лак на интереси од културолошка тематика, како и социјална антропологија од повеќе континенти.
Мисијата на овој •Интернационален етнографски филмски фестивал• е да ги охрабрува истражувачките и создавачки пристапи во етнографските филмови, да ја едуцира публиката за богатството и разновидноста на локалните културни традиции, но и да го буди гласот на совеста кај проблемите на современите општества предизвикани од недоволната грижа за културното наследство.
Влезот за сите проекции ќе биде слободен 🔴 ве очекуваме на овој прв •Интернационален етнографски филмски фестивал• кој ќе биде нова традиција на градот Битола, кој има и филмска историја, но и иднина кога станува збор за квалитетни културни настани.

Во продолжение и неговата програма 🔻
18.07.2022 (понеделник)
Интернационален Етнографски Филмски Фестивал
„Илинденски денови“ Битола
Свечено отворање и проекција на филмот
“Poron Hahmosa Pitkin Taivaankaarta”
“Како ирвас под небесниот свод”
Документарен филм од Марку Лемускалио /
Markku Lehmuskallio
Финска, 1993 година 92 минути
НУ Центар за култура – Битола, голема сала – 20 часот
19.07.2022 година (вторник)
Интернационален Етнографски Филмски Фестивал
„Илинденски денови“ Битола
Проекција на филмoвите:
“A fome De Lazaro” / „Гладниот Лазаро“
Краткометражен документарен филм на Диего Беневидес /
Diego Benevides, Бразил, 2020 година / 17 минути
„Молокане“ / „Молокани“
Документарен филм на Саглара Турбеева / Saglara Tyurbeeva,
Русија / 2018 година/ 76 минути
НУ Центар за култура – Битола, мала сала – 22 часот
20.07.2022 година (среда)
Интернационален Етнографски Филмски Фестивал
„Илинденски денови“ Битола
Проекција на филмовите
„Amores” / „Љубови“
Краткометражен документарен и анимиран филм на
Атахауалпа Личи, Венецуела, 2020година, 15 минути
“El Misterio De Las Lagunas – Fragmentos Andinos” /
„Тајната на лагуните – фрагменти од Андите“
Документарен филм Атахуалпа Личи / Atahualpa Lichy
Венецуела/ 2011 година/ 91 минута
НУ Центар за култура – Битола, мала сала – 20 часот
21.07.2022 година (четврток)
Интернационален Етнографски Филмски Фестивал
„Илинденски денови“ Битола
Проекција на филмовите:
„The Dream of a Horse“ / „Сонот на коњот“
Краткометражен документарен филм на
Марјан Кхорсави, Иран, 2022 година, 25 минути
“Monde De Chez Ti Kaf” / „Светот на Ти Каф“
Документарен филм на Фредерик Ламболе и
Жан-Мари Пернел / Frederic Lambolez, Jean – Marie Pernelle,
Франција, (Остров) Реунион
/ 2018 / 68 минути
НУ Центар за култура – Битола, мала сала – 22 часот
22.07.2022 година (петок)
Интернационален Етнографски Филмски Фестивал
„Илинденски денови“ Битола
Проекција на филмовите:
JVOBTIK – Notre Musique / ЈВОБТИК – Нашата музика
Краткометражен документарен филм на
Умберто Гомез Перез / Humberto Gomez Perez,
Мексико, 2018 година, 20 минути
„La Grand – Messe“ / „Големата Литанија“
Документарен филм на Валери Розие и
Мерил Фортунат-Роси / Meryl Fortunat – Rossi, Valery Rosier,
Франција/Белгија/ 2019 година/70 минути
Продукција Супермуш Продксион (Епинал)
НУ Центар за култура – Битола, мала сала, 22 часот
23.07.2022 година (сабота)
Интернационален Етнографски Филмски Фестивал
„Илинденски денови“ Битола
Проекција на филмовите:
“Nichimal Son – Blooming Music” / „Мал звук – Музика што цвета“
Краткометражен документарен филм на
Хуан Хавиер Перез Перез / Juan Javier Perez Perez,
Мексико, 2018 година, 27 минути
“Waters Of Pastaza / Juunt Pastaza Entsari” / „Водите на Пастаза“
Докуменетарен филм на Инес Т.Алвес / Ines T. Alves
Португалија, 2022 година, 62 минути
НУ Центар за култура – Битола, мала сала, 20 часот