На 09.10.2018 г. со почеток во 19:00 ч. ќе биде отворена изложбата на „Ателје Солак“. Ателјето Солак е отворено во 2015 г. кога и започнува со прием на посетители и членови кои сакаат да се запознаат со работата во ателјето и да стекнат основни или продлабочени знаења од областа на ликовната уметност. Активностите во ателјето се изведуваат од страна на Димитар Солаковски дипломиран сликар, ликовен педагог и реставратор. Ова е прва изложба на членовите на ателјето со своите творби и претставува мал приказ на дејноста на ателјето.
