You are currently viewing “Здивот на Ветрот“- Блашка Ми Ева

“Здивот на Ветрот“- Блашка Ми Ева

  • Post category:Настани

Од 24.09.2021 со почеток во 19:30 до 30.09.2021 можете да ја погеднете самостојна изложба “Здивот на Ветрот“- Блашка Ми Ева.
“Здивот на ветрот“ е насловот на изложба на дела работени во акварелна техника, но не на хартија, туку на платно. Имено, се работи за 15 дела со димензии од 50cm x 50cm се до 100cm x 100cm , кои се истражување на две ликовни техники, акварелната и акрилната техника. Ветарот како еден судир на форми и облици, пред се е движење, каде во јапонската култура е наречен ФУ, и каде не е само обичен воздух, туку е воздух во движење. ФУ претставува мотивација, раст, промена и сите форми на движење. Фу е слобода, тој е здив, здивот на животот, на сочувството, дури и на мудроста. ФУ е духот. Духот на живеењето. Бојата како круцијален ликовен елемент, како и елементите форма и линија. Апстрактните форми
со градација во боја и хармонија, создаваат перцепција на хаотична убавина, која навидум е хаотична, впрочем како и секое битие кое е несовршена композиција. Бојата во овие дела
симболизира основно средство за изразување на емоции и асоцијации за мирис, звук, движење. Преку “хаосот“ на бои се доловува и “хаосот“ кој го создава Ветрот. Користењето на акварелната и акрилната техника за овие композиции дојде сосема спонтано, и е идеален компактен медиум да се изрази движењето и боите на Ветрот.
Ветрот со својот прогресивен движечки воздух е асоцијација за процес, прогрес, спиритуален раст, раздвижување, асоцијација за спиритуална надеж, и најважно асоцијација за промена.
Спиритуалната позадина која навидум не ја гледаме во Ветрот, е всушност здивот на Универзумот.


“For example, the wind has its reasons. We just don’t notice as we go about our lives. But then, at some point, we are made to notice. The wind envelops you with a certain purpose in mind, and it rocks you. The wind knows everything that’s inside you. And not just the wind. Everything, including a stone. They all know us very well. From top to bottom. It only occurs to us at certain times. And all we can do is go with those things. As we take them in, we survive, and deepen.”
― Haruki Murakami, Hear the Wind Sing