Да го поздравиш и да ми го бациш

Да го поздравиш и да ми го бациш

„Да го поздравиш и да ми го бациш“ е документарна претстава, авторско дело на четворица актери и еден режисер. Ја раскажува приказната за растењето, носејќи соништа за себеостварување и соочување со општествените механизми на функционирање.

Темите што се отвораат во претставата (уметноста во себе, надежите, стравовите, борбите за остварување на креативниот потенцијал…) се одраз на личните искуства на актерите и зборуваат за борбата за индивидуална слобода. Каков треба да биде тетатарот денес?; Неговото место во опшетството?; Местото на младинците во општетсвото во кое живееме?; Емотивната слика на индивидуалниот внатрешен конфлит помеѓу интутитивното и рационалното; Слика за вакуум просторот помеѓу „каков сакаме да биде животот“ и „каков животот навистина е“; се прашања и дилеми што актерите на сцена ги поставуваат и бараат начин да ги одговорат.

Режија: Билјана Радиноска
Играат: Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Симона Спировска Костовска
Плакат: Фотографска реплика од делото „Црвен Врисок“ на Ана Скјавело во соработка со Ребека
Море (Торино, Италија); Интернационален саем на современа уметност – Паратисима Скопје,
специјален проект „UndeRadio“ – Уметноста е (секогаш) во право.
Дизајн: Магдалена Дилевска
Монтажа на видео: Драган Алексов
Продукција: АРТОПИЈА – Скопје
Продуцент: Филип Николовски