Новата игра на животот, преку балетската претстава “5 до 12“, имаше можност да ја погледне битолската публика. Првиот сплитски професионален балетски ансамбл при ХНК. со оваа балетска претстава во кореографија на Игор Киров и музика на Кирил Џајковски, гостуваше во Битола во Центарот за култура на 12 ти мај. Премиерната изведба беше на фестивалот Сплитско лето на 61-то то издание, а само во првата година на изведба овој балет го погледнаа над 7000 гледачи во Сплит, Сараево, Охрид, Белград и Шибеник. Станува збор за атрактивно балетско дело, кое привлече голем интерес кај фестивалската публика, дело во кое костимите се на Александар Ношпал. Киров кој зад себе има меѓународна кариера, на електронската музика на Кирил Џајковски, осмислил претстава во која многу од работите се во облик на коцка, а зборува за балканскиот обичај за решавање на проблемите во последен момент. *Инаку ова е прв пат во богатата историја една од најреномираните културни институции на Балканот да гостува во Битола.
