Ја испраќаме старата и веќе се припремаме за новата година.
Центарот на култура Битола, Камерниот оркестар на Битола IW Connect и Министерството за култура со новогодишен подарок за нашата драга публика, Божиќен Концерт.
На концертот ќе настапуваат: Наде Талевска, Агни Авшар, детски хор Ѕвончиња и хор Коруновска Арс Нова.
Влезот е бесплатен, а ќе можат да влезат сако оние кои ќе подигнат билети од билетарницата во Центарот за култура Битола на 3 и 4 јануари.