•АКО ОДАМ ВО БИТОЛА• најпознатата битолска песна во поновата музичка историја, авторско дело на легендарниот Петар Георгиев – Калица, во солистичка изведба на Димитар Андоновски, придружен од група „Фонтана“ и камерен гудачки оркестар ќе има своја премиера во Битола.
Како специјален гостин во овој музички проект се јавува познатата солистка на харфа Сара Костадиновска – Сара Мејс.
Обработката и аранжманот се на Благојче Трајковски, снимена е во студио “Подрумот“, а видео продукцијата е дело на ВЕСТА ПРОДУКЦИЈА.
Официјалната промоција ќе се случи на 2 Април-сабота во 18:00 часот во Центарот за Култура – Битола / голема сала ВЛЕЗ СЛОБОДЕН
Ќе ни биде голема чест доколку бидете наши гости на овој настан во чест на ликот и делото на Петар Георгиев-Калица и почит кон БИТОЛА и богатата музичка традиција.