You are currently viewing 19 ти Интернационален Фестивал на Монодрама Битола 2017

19 ти Интернационален Фестивал на Монодрама Битола 2017

Со претставата „Брачна игра“ во режија на Тони Михајловски, на 5 мај ќе почне Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2017“.

Центарот за култура ја утврди фестивалската програма. Изборот на монодрамските остварувања го направи селекторот, битолскиот актер и доајен на македонското глумиште Петар Мирчевски.

„Битола 2017“ е со натпреварувачки карактер, се одржува 19. пат, со поддршка на Министерството за култура. Ќе заврши на 9 мај со концерт на авторска музика за театарски претстави од композиторот Горан Трајковски.

Во претставата „Брачна игра“ настапуваат Весна Петрушевска и Игор Џамбазов.

Програма
5-5-2017,петок-20ч.
Свечено Отворање
МНТ, Скопје
БРАЧНА ИГРА
автор Едвард Олби
режија Тони Михајловски
претстава во чест на отворањето

6-5-2017,сабота
18ч. Театар од Талин,Естонија (Сцена под ротација)
СЕМЈОН ЗАХАРИЧ
по мотиви од „Злосторство и казна “ од Ф.М.Достоевски
режисер и актер Вјачеслав Рибников

20ч. Театро Верди,Задар- Хрватска (Голема Сцена)
ДЕСНИЦА: ИГРИ НА ПРОЛЕТТА И СМРТТА
автор Владан Десница
режија и актер Јурај Арас

22ч.Драмски театар од Орел,Русија (Нова Сцена)
СОЛЗИ ПОГОЛЕМИ ОД ОЧИТЕ
по мотиви од „Повест за Соњечка“ од Марина Цветаева
актер Валерија Зилина
режија Александр Микаилов

7-5-2017 ,недела
18ч .Театар од Амстердам, Холандија (Голема Сцена)
КОЛИЧКА
автор и актер Фунда Мујде
режија Вими Вилхелм и Челил Токсуз

20ч. Театар Рондо од Слупск, Полска (Сцена под ротација)
ДИВА
автор Магдалена Гауер
актер Виолета Комар
режијаСтанислав Мјеџиевски

21.30 Театар од Тел Авив-Израел (Голема Сцена)
ГОЛГОТА
автор Шмуел Рефаел
актер Виктор Атар
режијаГела Јефет-Атар

23ч.Проект поддржан од град Скопје и МНТ, Македонија ( Нова Сцена)
БОГ Е ЖИВ
авторски проект на Драгана Босниќ

8-5-2017,понеделник

18ч. Словенечки Театарски Институт,Љубљана-Словенија (Сцена под ротација )
ИРЕНА или НЕ МОЖАМ ПОВЕЌЕ
автор и актер Мирел Кнез
режија Нико Горшиќ

20ч. Театар на листата,Хановер-Германија ( Голема Сцена)
ОДИСЕЈ
автор Лим Норевиг
актер и режија Вили Шлутер

21ч. Народен театар Битола –надвор од конкуренција (Сцена на Народен Театар)
ДУПЛО ДНО
автор Горан Стефановски
режија Ангелчо Илиевски

23ч. Д.С. Солза и Смеа ,Битола- Македонија (Нова Сцена)
ЛОЛИТА
автор Владимир Набоков
актер и режија Александар Димитровски

9-5-2017,вторник
Сала на Народен Театар 20ч.
Свечено Затворање и Доделување на наградите
МНТ-Скопје
НА СВЕТОВ УБАВИНА
Концерт на театарска музика на композиторот Горан Трајковски во чест на наградените