You are currently viewing Меѓународен ден на студентите – 17 Ноември

Меѓународен ден на студентите – 17 Ноември

ИАЕСТЕ ЛК Битола ВЕ ПОКАНУВА СИТЕ студенти на одбележувањето на Меѓународниот ден на студентите, што го организираме на 16.11.2017 (Четврток) во Малата сала на Центар за култура – Битола. Настанот е во соработка со Ротаракт клуб Битола Широк Сокак, поддржан од Центар за култура – Битола и Француската алијанса.

По овој повод, ќе се одржи серија од повеќе активности:

19:00 часот – гостувачко предавање на тема “Претприемништвото – предизвик за успех кај младите луѓе”. Предавачи ќе бидат Божидар Миленковски и Нешат Аземовски.

20:00 часот – бесплатна филмска проекција на “Маестро”. “Маестро” е француска комедија, во која главниот лик Анри сонува да глуми во „Fast & Furious“, но ќе се најде во сосема поинаква улога…

————————–————————–————-
ИСТОРИЈАТА НА 17 НОЕМВРИ
Од 1941 година па наваму, 17-ти ноември во светот се одбележува како симбол на борбата за демократско образование и меѓународно почитување на студентскиот активизам. Овој ден е повод за кампањи и иницијативи, за заострување на борбата за студентски права, како и за поврзување на глобално ниво.