You are currently viewing Ликовна дејност

Ликовна дејност

Просторните можности на Центарот за култура  се особено погодни за организирање на дејности од ликовното творештво и галериската дејност, што одговараат на интересот што постои во Општина Битола, а и пошироко, за овие уметности.

Очекуваните резултати тргнуваат од целите што се поставуваат (краткорочни, среднорочни и догорочни) а се однесуваат на програми и, проекти кои се актуелни врз основа на спроведените анкети со целните групи; програми проекти од светското ликовно творештво и галериска дејност кои можат да се прилагодат на локалните и регионалните потреби како и програми наменети за размена со други Центарот за култура, Домови на култура и други институции (програми со изворен фолклор).

Така  се популаризираат музичко сценските активности преку уметничка фотографија,  се отворат школи на иконописните и други занаети,  се афирмираат и заштитуваат старите уметнички занаети,  се негуваат современите дострели на сликарството…