Филмска дејност

Центарот за култура е особено прикладен за развивање на филмската и кинотечната дејност, како со оглед на просторните капацитети (модерни кино Сали,како Голема со 847 седишта,  така И Мала сала со 107 седишта   . Располага со совршена киноприкажувачка техника и озвучување “долби сараунд систем”. Тоа е и основа за продукција што Битола ја негува како филмски фестивалски град, веЌе над  30 години, во него се одржува престижниот ИФФК “Браќа Манаки”. На овој фестивал чија традиција Ќе се негува и понатаму, продефилирале најпознати имиња од светската кинематографија. Не помалку значаен е единствениот интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм “Камера 300”. Двата фестивали предизвикуваат голем интерес кај публиката љубители на филмската уметност.

Започнат е и процесот на континуирано прикажување на сите најнови светски остварувања што привлекува се поголемо внимание особено кај младите љубители на филмот. За да го зголемиме нивниот интерес Ќе продолжиме со прикажување и на: кинотечни ретроспективи на филмски раритети (филмови на познати режисери и актери) од Републиката, соседните земји и оние со светски глас, посебно што како членка на ЕУРОИМАЖ имаме дополнителен мотив и обврска да ја негуваме филмската уметност.

Центарот за култура  особено внимание  посветува на пропратните манифестации во врска со филмската уметност (трибини, дебати, и др.)

Покрај редовниот репертоар,  се прикажуваат и циклуси на филмови според жанрот, како и циклуси за одделни режисери и актери (во соработка со Македонската кинотека, другите културни центри, конзулати и амбасади во Република Македонија).

Основна цел на Центарот за култура на полето на филмската и кинотечната дејност е да обезбеди континуирано филмско прикажување за што повеЌе да се анимира публиката и да се зголеми нејзиниот број, за Битола со право да го оправда епитетот “филмски град”, а помладата популација да стане столб на целната група – љубители на филмската уметност, што Ќе ни обезбедува публика и во иднина.